Најголем извозник на масло од канабис во 2018-та година на глобално ниво е Кина со инкасирани 912 милиони долари.
Меѓу петте најголеми извозниц на масло од канабис се и: САД (308 милиони долари), Индија (283,9 милиони долари), Германија (238 милиони долари) и Шпанија (170 милиони долари), покажува анализата на податоците на World’s top exports.
Од земјите во регионот, 22-ра е Словенија со извоз од 17,6 милиони долари. Бугарија е 46-та со 1,8 милиони долари, Грција е едно место подолу со 1,5 милиони долари, додека зад нејзе е Србија со 1,4 милиони долари извоз на масло од канабис. Хрватска е 58-ма со извоз од 1,1 милиони долари, Албанија е на 82-ро место со извоз од 122.000 долари, додека Македонија е осум места подолу со извоз на масло од канабис во висина од 44.000 долари.
Фото: Pixabay