Кои земји се најотпорни на криза

14

Земјите со напредна дигитална економија и со цврста економска и финансиска сигурност поуспешно се справуваат со кризата што ја предизвика пандемијата, стои во извештајот на Светскиот економски форум.

Во извештајот се наведува дека земјите со напредна дигитална економија полесно ја надминале кризата, бидејќи голем број луѓе работеа од дома, без да се појават проблеми во економијата. Посебно се истакнати земји како што се: Холандија, Нов Зеланд, Швајцарија, Естонија и САД.

Исто така, земјите со силен економски систем, како Данска, Финска, Норвешка, Австрија, Луксембург и Швајцарија, биле подготвени да им дадат поддршка на оние кои не можеле да работат.

Слично на тоа, земји со силен финансиски систем, како Финска, САД, Обединети Арапски Емирати и Сингапур полесно обезбедуваа кредити за мали и средни компании за да ја спречат нивната несолвентност.

Извештајот наведува дека земји кои можат успешно да планираат и да интегрираат здравствена, фискална и социјална политика релативно успешно ги амортизирале последиците од кризата, како на пример Сингапур, Швајцарија, Луксембург, Австрија и Обединети Арапски Емирати.

Земји кои претходно имале искуство со пандемии, како што е на пример САРС, имале воспоставено подобри протоколи и системи (на пример Кореја и Сингапур) и можеле да ја контролираат пандемијата подобро од останатите.

Предлогот за прогресивно оданочување, што се покажа како добра економска реформа, најдобри резултати даде во Кореја, Јапонија, Австралија и Јужна Африка.

Фото: Freepik