Кои земји се најзадолжени во Европската унија?

21

Јавниот долг на земјите од еврозоната падна на крајот на четвртиот квартал од 2023 година од 89,9 отсто во претходниот квартал на 88,6 отсто, објави Евростат

Во Европската унија, јавниот долг на крајот на четвртиот квартал од 2023 година изнесува 81,7% од БДП, што претставува намалување од 0,7 процентни поени во однос на претходниот квартал.

Во однос на четвртиот квартал од 2022 година, јавниот долг на еврозоната е намален за 2,2%, а јавниот долг на Европската унија за 1,7%.

Најголем дел од јавниот долг во четвртиот квартал од 2023 година го сочинуваа обврзниците, поточно 83,4% во еврозоната и 82,9% во Европската унија.

Најзадолжена земја на Европската унија на крајот од четвртиот квартал на ЕУ е Грција со долг од 161,9% од БДП, потоа Италија со долг од 137,3% од БДП, како и Франција со долг од 110,6 % од БДП.
За разлика од нив, најмалку задолжена земја од еврозоната е Естонија со долг од 19,6 отсто од БДП, потоа Бугарија со долг од 23,1 отсто од БДП и Луксембург со 25,7 отсто од БДП.