Кои земји се ЗА воведување на еврото како платежно средство во земјата

136

Мало мнозинство на граѓани од седум земји членки на Европската унија, коишто не го користат еврото, веруваат дека преминот кон таа валута ќе има позитивно влијание на нивната земја, а најголема поддршка за влез во еврозоната имаат граѓаните на Романија, покажуваат резултатите на Eurobarometar.

Три четвртини од Романците и над половина од граѓаните на Унгарија (69%), Хрватска (61%), Полска (56%) и Бугарија (54%) имаат позитивен став кон воведување на еврото, додека поддршката е најмала во Чешка (33%) и Шведска (43%).

Од вкупниот број на испитаници во сите седум земји, 57% рекле дека го поддржуваат воведувањето на еврото, додека 40% се против.

Во сите земји, освен во Чешка, е зголемена поддршката на еврото во однос на минатата година. Најголем раст има во Романија (12%) и Шведска (8%).

Воведување на еврото ќе има позитивни последици во земјите што веќе влегле во еврозоната, сметаат 60% од учесниците во истражувањето во коешто учествуваат повеќе од 7.000 граѓани на Бугарија, Хрватска, Чешка, Унгарија, Полска, Романија и Шведска.

Помалку од нив (52%) веруваат дека тоа ќе има позитивно влијание на нивната земја.

Фото: Pexels