Според анализата на World Atlas, Романците најмногу трошат за Божиќните прослави.
Вообичаено, празничната сезона за време на Божиќ и Нова Година е период на прослави што носи поголеми трошоци.
Со тек на времето овие празници станаа покомерцијализирани, а трошењето е дефинитивно големо. Луѓето трошат пари на голем број работи, како подароци, храна, одмори и прослави.
Податоците покажуваат дека Романците најголем дел од својот приход (32%) го трошат за Божиќните прослави. Чешка е втора со 25%, додека Велика Британија и Соединетите Американски Држави се трети со 15%. Италијанците и Шпанците се наоѓаат на четвртото и петтото место со 12% од нивните приходи насочени кон трошење за Божиќ.
Фото: Pexels