Кои земји во светот се најсреќни за младите луѓе?

246

Maкедонија на оваа листа се наоѓа на 67 место.

Авторите на „World Happiness Report“ ги истражувале разликите меѓу генерациите, откривајќи кои земји се најсреќни за младите.

Земјите каде среќата меѓу младите е значително поголема отколку кај старите се главно во Централна, Источна Европа и Јужна Америка.

Според тоа истражување, Литванија е рангирана како најсреќна земја за луѓе помлади од 30 години. Балтичката земја го зазеде деветнаесеттото место во вкупниот пласман, но според среќата на младите ги претекна нордиските земји како Финска, Исланд и Норвешка, пишува Punkufer.

Помладата популација на Литванија е значително посреќна од повозрасните, бидејќи во таа категорија, над 60 години, Литванија е на 44 место.

Интересно е и тоа што во ТОП 10 се појавуваат само европските земји, а по Литванија среќата на младите е висока во Израел и Србија, додека Хрватска е на 14-то место по индексот на среќата за лица до 30 години. Maкедонија на оваа листа се наоѓа на 67 место.

Што се однесува до Америка, Костарика е најдобро пласирана на 11. место, додека Ел Салвадор е на 17. место. Од азиските земји, само Кувајт се најде во ТОП 20.