Кој е Александар Костиќ, наследникот на империјата на Миодраг Костиќ?

415

На прославата 40 години МК Груп, една од најголемите регионални бизнис-групи, присутните ги поздрави неговиот син во име на основачот и претседател Миодраг Костиќ.

Александар Костиќ (30) веќе пет години ја води компанијата од позицијата потпретседател на групацијата, а како што е наведено на веб-страницата на компанијата, „со остатокот од тимот работи на спроведување на визијата на претседателот на корпорација“.

Белградски Данас пишува дека Костиќ е потпретседател на МК Групацијата која се занимава со земјоделство, туризам и енергетика и потпретседател на банкарската групација АЕЦ (Agri Europe Cyprus), под чија контрола се МВ инвестиции, АИК и  словенечка Горењска банка.

Во претходните пет години, тој го прошири работењето на МК Груп во секторот на недвижности, особено хотелскиот бизнис од Србија преку Хрватска до Словенија.

Исто така, банкарскиот бизнис на групацијата е значително проширен во последните години. По купувањето на словенечката Горењска банка и влегувањето на пазарот во ЕУ, АИк банка ја презеде Сбербанк во Србија како и Еуробанк Директна банка во претходните две години.

Целата групација вработува околу 4.000 луѓе, а Костиќ најави нов инвестициски циклус од 1,6 милијарди евра во следните три години на 40-годишнината на компанијата, на која присуствуваа премиерката Ана Брнабиќ и министерот за надворешни работи Ивица Дачиќ.

Најавена е инвестиција од 350 милиони евра во земјоделството, изградба на фабрика за алкохол, но најголем дел од парите ќе бидат вложени во обновливи извори на енергија. МК Груп планира да изгради ветерен парк и соларна централа со капацитет од еден гигават и во него да инвестира 900 милиони евра.

Ќе инвестира и 380 милиони евра во туризам и недвижнини во следните три години.

Пред неколку години американски Форбс ја процени вредноста на имотот на Миодраг Костиќ на над 500 милиони евра.

Александар Костиќ дипломирал економија на Универзитетот Ројал Холовеј во Лондон и е татко на две деца.

Фото: МК Груп