Кој е Бјорн Кујперс – милионерот кој ќе суди на финалето на ЕУРО 2020

248
Бјорн Кујперс од Холандија ќе го суди финалниот меч на Европското првенство помеѓу Англија и Италија. Кујперс е најбогатиот фудбалски судија во светот. Неговото богатство е проценето на 13,4 милиони евра.
Кујперс има 48 години, дипломирал економија, а богатството го стекнал преку синџирот супермаркети Jumbo Kuipers. Поседува околу 500 маркети во Холандија и Белгија. Jumbo Kuipers е еден од спонзорите на Формула 1 возачот, Макс Ферстапен.

Елитен судија на ФИФА и УЕФА станал во 2009 година.

За Кујперс ова ќе биде прво финале помеѓу репрезентации. Го судеше финалето од Лигата на шампионите во 2014 и двапати во Лига Европа (2013 и 2018).

На ова ЕУРО судеше три натпревари од кои две во групната фаза (Белгија – Данска 2:1 и Шпанија – Словачка 5:0), како и четвртфиналниот дуел Данска – Чешка 2:1.

Фото: Facebook