Кој е францускиот милијардер што загина во хеликоптерска несреќа

178

Оливие Дасо, француски пратеник и милијардер, наследник на богатството на Dassault Aviation, загина во хеликоптерска несреќа на северот на Франција во неделата.

Оливие Дасо (69) беше најстариот син на починатиот индустријалец Серж Дасо, чија компанија произведува авиони Rafale, Falcon и Mirage, а исто така беше сопственик на весникот Le Figaro.

Се проценува дека Дасо има богатство од околу шест милијарди евра, а неговото семејство важи за едно од најбогатите во Франција.

Претседателот на Франција, Емануел Макрон, му оддаде почит на пратеникот на десничарската Републиканска партија, изјавувајќи дека Дасо ја сакал и ѝ служел на својата земја.

Фото: Facebook