Кој е Јарослав Гончаров, креаторот на FaceApp?

580

Јарослав Гончаров е Русин кој работел на Windows mobile за Microsoft. Исто така, тој беше косопственик на компанија Yandex, којашто ја продаде на руски Google за 38 милиони долари, пишува Forbes.

Најголемиот успех на Гончаров е компанијата што стои зад дизајнот на апликацијата FaceApp. 40-годишниот Русин вработува 12 лица, со кои разви апликација што користи вештачка интелигенција преку која што го “старее“ ликот на фотографијата.

Оваа апликација беше најсимнувана и на Android и iOS оперативни системи, откако многу познати светски ѕвезди го поставија предизвикот на FaceApp.

“Минатиот четврток се обидов да го избројам бројот на повици што ги добив… околу 200 за три часа. Не можевме да си ја вршиме работата“, вели Гончаров, откако се крена прашина околу можноста да се злоупотребат податоци на корисниците што ја користат апликацијата. Дури и американскиот сенатор Чак Шумер побара ФБИ да започне истрага за овој случај.

Сега, Гончаров ветува поголема транспарентност преку обновување на политиката за приватност на апликацијата.

Фото: Facebook