Кој е клучот на долговечноста?

14

babadedo

Фото: Pixabay

Во изминатите 50 години, научници од универзитетот во Гетеборг вршеа испитувања и го следеа здравјето на 855 мажи родени во 1913 година.

Од толку многу испитаници, десет го доживеале 100-от роденден, а научниците забележале што овие среќници правеле во текот на животот за да бидат долговечни.

Според сознанијата, рецептот за долговечноста е живот без цигари, умерено конзумирање на кофеин (не повеќе од две шолји дневно).

На долговечноста влијае и тоа дали до својата 50-та година сте станале сопственик на барем една недвижнина. Исто така, треба рекреативно да се занимавате со спорт, но и дека многу влијае фактот колку долго живеела вашата мајка.

“Генетскиот фактор е многу важен, но од некоја причина за мажите битно е мајката да е долговечна, не таткото, затоа што генот на долговечноста се наследува од мајките”, велат научниците.

Секако треба да се води и грижа за исхраната и да внимавате холестеролот во крвта да не ја премине доволената граница.

Според резултатите, оние кои ги практикувале овие работи и имале здрави гени доживеле барем 80 години.