Кој е “крал“ на извозот?

103

Извозот на најразлични производи и услуги во светот, во текот на 2019 година, се проценува дека достигна вредност од 18,74 илјади милијарди долари, што е за 3,7% помалку во споредба со 2018 година.

На врвот на листата на извозници е Кина со извоз вреден 2.498.569.866.000 долари или 0,2% повеќе во однос на 2018 година, покажуваат податоците на World’s top exports.

Втор најголем извозник на глобално ниво, во 2019 година, беа САД со 1.645.174.335.000 долари или 1,2% помалку одошто една година претходно.

Трета велесила кога е извозот во прашање е Германија со 1.486.462.772.000 долари, што претставува пад од 4,5% во однос на 2018 година.

Холандија четврта според извозот во светот, достигнувајќи вредност од 721.301.085.000 долари, што значи пад од 0,8% во 2019 година во споредба со една година претходно.

Македонија е 98-ма кога станува збор за вредноста на извозот, којшто во 2019 година се позиционираше на 7.185.964.000 долари или 4% повеќе во однос на 2018 година.

Од земјите во регионот, највисоко рангирана е Словенија (53-та) со извоз во висина од 45.624.764.000 долари или 3,2% повеќе во однос на 2018 година. Следуваат: грција (37.885.527.000 долари), Бугарија (33.872.429.000 долари), Србија (19.557.555.000 долари) и Хрватска (17.678.879.000 долари).

Фото: Pexels