Кој е Мајкл Блумберг?

184

Деновиве го среќаваме неговото име во медиумите поврзано за веројатна кандидатура за претседател на САД.

Мајкл Блумберг сè уште официјално ги нема потврдено овие информации, а додека јавноста чека, во продолжение неколку факти за еден од најбогатите луѓе во светот.

Мајкл Блумберг е милијардер бизнисмен и поранешен трикратен градоначалник на Њујорк Сити (2002, 2005, 2009 година).

Тој е роден на Денот на заљубените, 14-ти февруари во Бостон, Масачусетс.

Во 1966 година дипломирал бизнис администрација, а прв пат на Wall Street се вработил во компанијата Salomon Brothers, каде за шест години станува партнер.

Во 1981 година Блумберг отвора своја компанија Bloomberg L.P., којашто го смени начинот на чување и користење на финансиски податоци.

Компанијата беше многу успешна и за кратко време прерасна и во медиумски бизнис со повеќе од 100 канцеларии во светот.

Блумберг стана еден од најбогатите луѓе во светот и дел од своето богатство реши да го донира онаму каде што е потребно, со посебен акцент на образование, медицински истражувања и уметност.

За време на третата кампања за избор на градоначалник на Њујорк тој потроши околу 90 милиони долари од сопствен џеб и победи на изборите.

Од 1975 до 1993 година, бизнисменот беше во брак со Сузан Браун, со која има две ќерки Георѓина и Ема.

Од 2000 година па наваму Блумберг е во врска со банкарката Дајана Тејлор.

Неговата моментална вредност за проценува на 56 милијарди долари.

Фото: Facebook