Кој е најбогатиот човек во Азија

92

Пред повеќе од три месеци, Жонг Шаншан, сопственик на компанијата за флаширана вода – Nongfu Spring од 1966 година, го симна основачот на Alibaba, Џек Ма од местото најбогат во Кина.

Oвој бизнисмен не работи во технолошкиот сектор, кој доживеа бум во 2020 година, ниту пак флашираната вода одеднаш стана “must have“. За што станува збор тогаш? Факт е дека од април Шаншан е директор на фармацевтска компанија која произведува вакцини Beijing Wantai Biological.

Денес, на самиот крај на годината, тој официјално стана најбогатиот човек во Азија и така го турна Индиецот Мукеш Амбани, милијардер и сопственик на Reliance Industries Ltd од првото место.

Нето вредноста на Шаншан моментално е 77,8 милијарди долари. Кинезот е и 11-та најбогата личност во светот, според индексот на милијардери на Bloomberg.

Фото: Freepik