Koј е најбогатиот Германец?

22

Богатите Германци и покрај должничката евро криза стануваат се побогати. Минатата година вкупниот имот на 100 те најботи Германци од 307 милијарди евра порасна на 324 милијарди евра.

На врвот на најбогати Германци за 2012 е семејството кое сопственик на ланецот супермаркети Aldi. Меѓу нив се издвојуваат Карл Албрехт (92) со 17,2 милијарди евра, како и неговите роднини Бертхолд (58) и Teo (62) кои имаат 16 милјарди евра.

На четврто место е Дитер Шварц со 12 милијарди евра, на четврто место семејството Рајман со 11 милијарди евра, на петото место е Сузана Клатен сопственичката на BMW и Алтена. Сузана години наназад е најбогата Германка, а нејзиното богатство се проценува на 9 милијарди евра.

Според Магазинот Менаџер, на шесто место е семејството Ото со имот кој се проценува на 8,2 милијарди евра. На седмо место се семејството Вирт со 8 милијарда евра, на осмото место се братот и сестрата Гинтер и Даниела Херц, некогашните сопственици на ланецот продавници Чибо со 7 милијарди евра.

На деветто место е семејството Еткер со имот вреден 6,9 милијарди евра и на десетото место е Штефан Квант братот на сопственичката на  BMW со 6,6 милијарди евра.