Што го прави градот паметен – дали е тоа иновативна зелена технологија, ефикасен јавен транспорт, одлични можности за вработување, силен фокус на одржливоста?
Според најновиот „Индекс на паметни градови“ на технолошката компанија ProptechOS, комбинација од горенаведените фактори влијае на таа дефиниција.
Платформата анализираше сè, од пристапноста на Wi-Fi до бројот на дрвја, пристапот до аеродромите и техничките работни места, а новиот „најпаметен град“ за 2024 година беше крунисан.
Француската престолнина доби 91,8 од 100 поени за поврзување и инфраструктура и 89,1 на пазарот на труд во технологијата, додека во зелената инфраструктура доби само 51,4, па вкупниот резултат е 76,4.
Париз го престигна победникот од 2023 година, Лондон, кој падна на второто место со резултат од 73,1, но постигна многу подобри резултати особено во зелената инфраструктура, со 63 во таа категорија.
Третото место му припадна на Амстердам со вкупен резултат од 72,8, но импресивни 75,4 во зелената инфраструктура, највисока на листата. Амстердам е инаку познат по развиената велосипедска инфраструктура и сообраќај, што секако придонесе за неговиот висок пласман.
Берлин е четврти со 69, а Мадрид петти со 68,5 отсто.
Погледнете ја комплетната листа на најпаметните градови во Европа:
Париз
Лондон
Амстердам
Берлин
Мадрид
Лисабон
Стокхолм
Луксембург
Даблин
Копенхаген