Кој е најпродаван мобилен телефон на планетата?

42

iPhone 11 на Apple е најпродаван мобилен телефон на глобално ниво во првите шест месеци од оваа година, покажуваат податоците од истражувањето на Omdia.

“Apple продаде 37,7 милиони iPhone 11 во првата половина од годината, поради што е досега најпопуларниот модел на телефон“, стои во истражувањето.

Истиот период лани, најпродаван модел во светот беше iPhone XR, исто така, на Apple. iPhone 11 е за 50 долари поевтин, но има одлични и подобрени карактеристики.

Меѓу петте најпродавани модели на смартфони, во првите шест месеци од годинава, се најдоа и: Galaxy A51 на Samsung (11,4 милиони продадени), Redmi Note 8 на Xiaomi (11 милиони), Redmi Note 8 Pro на Xiaomi (10,2 милиони) и iPhone SE на Apple (8,7 милиони продадени примероци).

Фото: Pixabay