Кој е најпродаваниот производ во Ikеа Хрватска?

70

Продажниот салон на Ikеа во Загреб, Хрватска прослави пет години работа во земјата и по тој повод сподели неколку интересни статистики во врска со полудецениското работење.

Во текот на петте години салонот бил посетен од страна на 8,5 милиони купувачи, додека веб страната на компанијата имала 28 милиони посетители. Во игротеката Ikea Småland играле речиси 139.000 дечиња, а околу 105.000 луѓе учествувале на разните работилници организирани од Iкеа, пишува Poslovni.

Најпродаван производ биле LED сијалиците со коишто компанијата сака да ги поттикне купувачите на одржлив живот во домот. Вкупно биле продадени 1.331.916 различни видови на вакви сијалици со што граѓаните на Хрватска заштедиле околу 800 милиони 800 киловат часови или 350 милиони куни (47,4 милиони евра.)

Според истражувањата на независниот портал Moj Posao Ikеа во 2016 и 2017 била во топ три најпосакувани работодавачи во земјата.

Фото:Pexels