Кој е најубав град за живеење за 2021 година

56

Списанието Monocle го прогласи главниот град на Данска, Копенхаген – за најубав град за живеење за оваа година.

Пандемијата на Ковид-19, се вели, ги направи дискусиите за зелениот простор, подоброто домување и привлекувањето нови таленти – поважни од кога било.

“Копенхаген е еден од оние градови каде што постои вистинска амбиција да се обезбеди подобар квалитет на живот за сите. Стремежите за создавање почиста околина се најдобри тука, а градот ги бележи придобивките од повеќегодишните урбани инвестиции“, вели главниот уредник на Monocle, Ендрју Так.

По Копенхаген, следат: Цирих, Хелсинки, Стокхолм, Токио, Виена, Лисабон, Оукланд, Тајпеј, Сиднеј, Сеул, Ванкувер, Минхен, Берлин, Амстердам, Мадрид, Мелбурн, Кјото, Бризбејн и Лос Анџелес.

Ова се градовите кои ја искористија изминатава година, како што се наведува, за подобро да ги изградат своите улици, просторот за живеење, стопанството, културната сцена… Истражувањето и рангирањето на Monocle е објавено во изданието за јули/август 2021 година.

Фото: Pixabay