Кој е наследникот на Безос?

54

Најбогатиот човек на планетата, Џеф Безос се повлекува од претседателската функција во компанијата што ја основаше пред 30 години во својата гаража и која му донесе богатство од стотици милијарди долари. Во удобната управувачка фотелја на Amazon ќе седне Енди Џеси, јавува ВВС.

Безос ќе биде извршен претседател, што ќе му даде доволно “време и енергија“ да се фокусира на други производи и иницијативи.

Џеси во овој момент е шеф на одделот за ИТ во “облак“ во Амазон. Педесет и двегодишниот Џеси стана дел од Amazon во 1997-ма година откако дипломираше на Харвард.

“Го полагав последниот завршен испит на факултет во првиот петок од јули 1997-ма, а на работа во Amazon почнав следниот понеделник“, вели Џеси.

Денес тој е задолжен за развој на инфраструктурата на компанија за услуги во “облак“ што го нагласуваат фокусот на Amazon кон веб услуги.

Безос, во писмо што го испратил до вработените, рекол дека има “целосна доверба“ во Џеси.

“Енди е добро познат во компанијата и во Amazon е скоро исто колку и јас. Ќе биде извонреден лидер“, напиша Безос, пренесува Гардијан.

Најбогатиот човек на светот додал дека и понатаму ќе биде ангажиран околу Amazon, но ќе има повеќе време да се фокусира на фондацијата и други активности во коишто ужива. Смета дека никогаш немал повеќе енергија, а тоа што се повлекува од раководната позиција, не значи дека се повлекува од бизнис светот.

Фото: Facebook