Кој е новиот извршен директор на крипто берзата Binance?

Канадскиот бизнисмен Чангпенг Жао ја напушта функцијата извршен директор на Binance, а на негово место доаѓа Ричард Тенг, по потекло од Сингапур. Имено, оваа „смена“ доста го потресе крипто светот, бидејќи беше придружена со контроверзии: Жао беше обвинет дека прикрил измама во својата компанија, односно дека не спречувал перење пари, за што се изјаснил за виновен.

Ненадејната оставка на Жао го шокираше светот на криптовалутите, бидејќи Binance се смета за најголема размена од ваков тип во светот. Сепак, веќе денеска се зборува за ново лице, т.е. наследник на канадски бизнисмен.

Би-би-си, пак, открива кој е Ричард Тенг?

Роден во Сингапур, Тенг се приклучи на најголемата светска берза за криптовалути пред нешто повеќе од две години, како извршен директор на операциите на Binance во Сингапур. Тоа беше годината кога компанијата беше под истрага на Министерството за правда, а како што се интензивираше регулаторната контрола на компанијата и Жао, Тенг постигна брз напредок според неговите заслуги, иако „од сенка“.

Тој беше на првобитната позиција како извршен директор на Binance во Сингапур само пет месеци, според неговиот профил на LinkedIn, а потоа беше унапреден во регионален шеф за Европа, Азија и Блискиот Исток и Северна Африка; тоа беше во април 2023 година.

Тенг подоцна, поточно овој мај, стана шеф на регионалните пазари, позиција што ја имаше до овој вторник, кога беше назначен за шеф на Binance. Објавувајќи го својот наследник, Жао го нарече Тенг „високо квалификуван лидер“, додавајќи дека „со повеќе од три децении искуство во финансиски услуги и регулаторни работи, тој ќе ја води компанијата во следниот период на раст“.