Кој е одговорен за кризата на пазарот на жито?

44

Војната во Украина ја влошува глобалната криза со глад. Западот и Русија меѓусебно се обвинуваат за наглото поскапување на житото од почетокот на војната. Што велат фактите?

Околу 345 милиони луѓе се изложени на ризик од глад, предупредуваат од Светската програма за храна на Обединетите нации (ОН).

Цените на житариците, кои експлодираа од февруари оваа година, најверојатно ќе доведат до дополнително зголемување на бројот на погодени граѓани.

Западните земји ја гледаат воената стратегија на Кремљ како главна причина за кризата. Од друга страна, Кремљ ги обвинува западните санкции за ваквиот развој на настаните. Покрај тоа, постои мислење дека недостигот на испораки на жито од Украина лесно може да се надомести. Критички поглед на аргументите.

„Русија е одговорна за глобалната криза со глад, а виновникот е војната на Путин„, напиша германскиот канцелар Олаф Шолц на Твитер на почетокот на јуни. Слични изјави дадоа и други западни политичари.

Американскиот државен секретар Антони Блинкен изјави дека нема друга причина за поскапувањето на храната ширум светот освен руската блокада на украинските пристаништа на Црното Море и ограничувањата на Москва за извозот на пченица, пишува СееБиз.

Украина е трет најголем извозник на пченка во светот и седми извозник на пченица, така што светските пазари реагираа на ужасниот недостиг на жито на почетокот на војната: цената на пченката се зголеми за речиси 20 отсто од средината на февруари до почетокот на март, а пченицата за дури 60 отсто. Во меѓувреме, цените повторно паднаа, но на пченицата и натаму се речиси 60 отсто над ланското ниво. Сепак, влошувањето на кризата со глад не беше предизвикано од оваа ценовна експлозија, вели во интервју за ДВ Мартин Фрик, директор на канцеларијата на Светската програма за храна за Германија, Австрија и Лихтенштајн.

„Бројот на луѓе со акутен ризик од глад драстично се зголеми во последниве години – од 150 милиони во 2019 година на 279 милиони до крајот на декември 2021 година, а сега на 345 милиони. Ова е последица на трите К, како што секогаш велиме: конфликт, клима, ковид. А има и трошоци“, вели Фрик и нагласува дека војната во Украина уште повеќе ги зголемила трошоците, но тие биле високи и пред почеток на војната на 24 февруари.

Тој дополнува дека има факт кој никој не го зема предвид, а тоа е дека и Кина е голем производител на житарици.

„Најголемиот магацин на жито во светот е Кина, но практично само како клиент учествува во светската трговија“,  вели Фрик во интервју за ДВ.

Тој, исто така, не го прифаќа аргументот дека земјите кои досега речиси исклучиво увезуваа пченица од Украина и Русија може едноставно да се „префрлат“ на други добавувачи. Важноста на Украина како извозник на жито не е само нејзиниот удел во обемот на глобалната трговија, туку и нејзината географска локација. Ова ја објаснува важноста на Украина како снабдувач на жито, особено за земјите од Блискиот Исток, Северна Африка и Субсахарска Африка.

И уште еден важен аспект кога се гледаат голите бројки на ФАО: Русија сега е најголемиот светски извозник на пченица со пазарен удел од речиси 20 проценти.

„Се разбира, тоа исто така игра улога, бидејќи Русија може да го контролира својот извоз како што ѝ одговара“, рече Фрик.

Заклучок: Загубите поради украинскиот извоз на жито не се обновуваат толку лесно во погодените земји како што сугерираат податоците за производството, трговијата и складирањето. Особено што високите транспортни трошоци за испораки од подалечни земји ги прават и онака (растечките) набавни трошоци уште повисоки.

Руската влада во неколку наврати изјави дека е подготвена да придонесе за решавање на кризата со храна – под услов Западот да ги укине санкциите против Русија. Санкциите влијаеле на цените на осигурувањето на бродовите, плаќањата, пристапот на руските бродови до странските пристаништа и странските бродови до руските пристаништа.

Сепак, „земјоделските и прехранбените производи, вклучително и пченицата и вештачкото ѓубриво” се изземени од извозните санкции. ЕУ тоа експресно го потврди во одлуката од 21 јули – во пресрет на Договорот за жито во Истанбул. Поточно, во неа се наведува дека дозволените трансакции се неопходни за купување, увоз и транспорт Покрај тоа, руските трговски бродови кои превезуваат земјоделски и прехранбени производи можат да продолжат да ги користат пристаништата на ЕУ.

Директорот на Светската програма за храна за Германија, Австрија и Лихтенштајн вели дека Русија во Африка прави се за да го „оправда сопствениот аргумент дека западните санкции се виновни“ за проблемите во снабдувањето со прехранбени производи. „Очигледно постои геополитичка игра се игра со цените на житото“.

Заклучок: Санкциите против Русија не се конкретно насочени кон земјоделските производи, како што ЕУ експлицитно (пре)појасни минатата недела. Сепак, не беше можно да се разјасни дали санкциите сè уште во пракса влијаат (и како) врз реализацијата на плаќањата или премиите за осигурување.