Кој е светски претприемач на годината?

304

Фото: Pixabay

Американецот Бред Кивел е светски претприемач на годината според мултинационалната компанија Ernst & Young, со што е трет претприемач од САД што ја добива оваа титула во изминатите 19 години, пренесува Financial Times.

“Претприемачите веруваат во создавање, не во прифаќање. Тие веруваат во можностите над едноставната реалност“, вели Кивел.

Станува збор за сериски претприемач, познат како соосновач на интернет страницата Groupon, како и основач на Uptake Technologies, производител на софтвер со вештачка интелигенција за индустриски капацитети.

Тој заедно со својата сопруга ја основаа фондацијата Keywell, чија цел е поддршка на социјални претприемачи. Во 2016 година, претприемачот се обврза да даде повеќе од половина од своето богатство за финансиска поддршка на претприемачи.

Кивел е победник во конкуренција од 57 претприемачи од целиот свет.