Кој ги купува најскапите станови во Белград?

120

Тринаесетте најскапи станови во Белград, по цена од над 8.000 евра за квадрат, се продадени во 42-катницата Кула Белград што е во градба. Во комплексот Белград на вода, становите се продаваат по цена од 2.500 до над 8.000 евра за квадрат, пренесува РТС.

“Тоа се наши луѓе, дијаспора и одреден број странски купувачи. Имаме доста купувачи од ЕУ, доста од Кина, а има купувачи и од Блискиот исток. Она што го научивме минатата година е дека за да ја привлечеме дијаспората и странските купувачи мора да им обезбедиме онлајн алатки и да им дадеме можност да резервираат стан без да доаѓаат во Белград“, вели Никола Недељковиќ, директор на Белград на вода.

Само во српската престолнина минатата 2020 година се потрошени 434 милиони евра на купување станови.

“Треба да престанеме нашиот пазар на недвижнини да го гледаме како стандарден пазар на станови. Нашиот пазар на недвижнини е пазар на капитал. Нашиот пазар може да го споредиме со берзите во Њујорк. Профитите се сосема задоволителни и сите инвеститори сакаат да вложат“, Небојша Нешовановиќ од меѓународна консултантска куќа за недвижнини.

Дури 86% од недвижнините се платени во готово, а кога е прашање земјиште во 99% е купувано за кеш.

Фото: Freepik