Кој го симна Безос од тронот?

69

Основачот на Tesla, Илон Маск сега е најбогат човек на планетата, симнувајќи го Џеф Безос од тронот, според Bloomberg.

Според податоците, богатството на Маск сега се проценува на 188,5 милијарди долари или 1,5 милијарди долари повеќе од основачот на Amazon.

Рокадата на шампионската и вицешампионската позиција доаѓа по растот на цените на акциите на американскиот производител на електрични возила за 4,8%.

Компанијата на Маск за првпат оваа година достигна пазарна вредност од 700 милијарди долари. Tesla сега вреди повеќе од Toyota, Volkswagen, Hyundai, GM и Ford заедно.

Фото: Freepik