Кој ја “облекува“ Европа?

43

Во текот на минатата година земјите членки на Европската унија увезоа облека во вредност од 69 милијарди евра, додека извозот достигна вредност од 30 милијарди евра, покажуваат податоците на Eurostat.

За споредба, извозот во 2020 година е за 14% понизок одошто во 2019 година.

ЕУ најмногу од облеката што не доаѓа од некоја од земјите членки најмногу ја увезувала од Кина (21 милијарда евра или 30% од вкупниот увоз), по што следат: Бангладеш (12 милијарди евра), Турција (осум милијарди евра), Велика Британија (четири милијарди евра), Индија и Виетнам (по три милијарди евра) и Камбоџа (две милијарди евра).

Во текот на 2020 година, скоро 17 милијарди евра вредна облека е увезена од Германија, што ја прави најголем увозник на облека од земји надвор од Унијата. По Германија, следат Шпанија (10 милијарди евра) и Франција (скоро 10 милијарди евра).

Меѓу земјите членки, Италија извезе облека од 10 милијарди евра во земји надвор од Унијата, што ја прави најголем извозник на облека надвор од границите на ЕУ. По нејзе следат: Германија (пет милијарди евра), Шпанија (четири милијарди евра) и Франција (скоро четири милијарди евра).

Фото: Pexels