Кој ќе ја купи Кроација осигурување?

57

Полската осигурителна компанија ПЗУ детално ќе ја разгледа можноста да купи удел во хрватската Кроација осигурување. Државата во Кроација има 82% од капиталот, а Владата сака да продаде само 50%. Таа сака да задржи 25% и една акција плус, за да може да учествува во управувањето на компанијата. Полската компанија ПЗУ од поодамна е заинтересирана за зајакнување на позициите надвор од Полска, особено на Балканот, за што планира да потроши 2,2 милијарди долари.