
Управата за јавни приходи ја објавви Листата на должници бр.04/2023 за долгови доспеани до 31.12.2022 и неплатени до 31.03.2023 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е:
- повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност; и
- повисок од 300.000 денари за правните лица.
На Листата на должници бр.04/2023 објавени се 1.723 должници – правни лица (повеќе за 17 од претходната листа) и 3.326 физички лица (помалку за 12 од претходната листа).
Вкупно објавениот нето долг во Листата бр.04/2023 изнесува 8.059.841.431 денари, помалку за 43.738.159 денари од претходната листа. Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 7.850.797.675 денари, помалку за 69.979.738 од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 209.043.756 денари (повеќе за 26,241,579 денари од претходната листа).
Комплетната Листа на должници можете да ја погледнете тука.











