Кој купи, а кој продаде: Промени кај големите акционери на Реплек

Рокада во сопственичката структура на Реплек – нови движења меѓу акционерите

Компанијата Реплек АД Скопје ја информира јавноста за промени во сопственичката структура, односно кај акционери кои поседуваат над 5% од акциите на друштвото, согласно обврските од Глава 6 и член 38 од Правилата за котација на Македонската берза.

Според објавената информација Пецовски Владимир, акционер со над 5%, се стекнал со четири нови акции, со што неговото вкупно учество во Реплек АД изнесува 16.520 акции, односно 6,37% од вкупниот број на издадени акции.

Од друга страна, НАСТЕЛ ДООЕЛ, исто така акционер со над 5%, извршил продажба на 66 акции, по што останува со 16.491 акции, односно 6,36% од вкупниот капитал на компанијата.