Кој милијардер сам си ги мие садовите?

129

Првата асоцијација за милијардер е богаташ кој живее во раскош, луксуз, сè што ќе посака може да има додека да трепне со едното око. Но, праксата покажува дека милијардерите можат да бидат практични, нормални, едноставни луѓе со навики што ги прават да бидат како и “обичните смртници“.

Планетарно најбогатиот човек, за кој скоро и да нема ден, а да нема некоја вест за него, сега располага со богатство од околу 117 милијарди долари. Станува збор за основачот на Amazon, Џеф Безос кој изгледа дека живее сосема нормален живот и има навики што потсетуваат на “обичните луѓе“.

Според Goalcoast, ова се петте навики на најбогатиот човек во светот:

Никаде не се брза наутро

Додека некои луѓе скокаат од кревет и сакаат да завршат што е можно повеќе работи, Безос наутро сака да ги извршува работите полека. Никогаш не става аларм, туку си дозволува себе да се разбуди на природен начин. Потоа времето го поминува читајќи вести и ужива во појадокот.

Според психолозите, овој начин да се започне денот е многу попродуктивен, одошто утрото да го почнете во брзање. Доколку само скокнете од креветот, брзате да се напиете кафе, таа напнатост со којашто го почнувате утрото, ќе ве следи во текот на целиот ден.

Сите важни состаноци ги закажува пред ручек

Научно е докажано дека прво треба да се завршуваат најсложените задачи, а потоа оние полесните. Тоа е така бидејќи мозокот ви е одморен, имате поголем фокус и така ќе бидете попродуктивни.

Затоа Безос сите важни состаноци ги закажува пред ручек. Вообичаено состаноците му почнуваат околу 10 часот по лесната утринска рутина. Освен тоа, неговите состаноци се кратки и не ги посетуваат голем број луѓе. Според него, ова се нарекува two pizza team или тим за две пици, што значи дека ако луѓето на состанокот не може да се најадат од две пици, тогаш премногу ги има.

Сам ги мие садовите

Сега веќе поранешната жена на Безос никогаш јавно не зборувала за оваа навика на нејзиниот партнер, но тој во една прилика рекол дека миењето садови по вечера е “нешто најсекси што го прави“. Иако Безос може да си ја дозволи најмодерната и најскапа машина за миење садови, експертите велат дека оваа активности има позитивни ефекти врз психичкото здравје на луѓето.

Според едно истражување, луѓето кои мијат садови имаат поголем креативен набој, бидејќи постојат механички задачи што ни оставаат доволно време за размислување.

Спие осум часа

Без разлика на тоа дали се храните здраво или редовно вежбате, целиот напор ќе ви биде залуден, доколку немате квалитетен сон. Од таа причина, Безос се труди сонот да му трае барем осум часа. Во една прилика рекол дека ова му е посебно важно, бидејќи подобро размислува и подобро се чувствува кога е доволно одморен.

Фото: Pixabay