Кој поседува најмногу акции на Apple?

59

Во последните три месеци вредноста на акциите на Apple е зголемена за 22 отсто, благодарение на добрата заработка и големите очекувања од примената на вештачката интелигенција.

Извршниот директор на оваа компанија, Тим Кук, поседува 3,28 милиони акции на Apple со вкупна вредност од 690 милиони долари. Сепак, едно лице поседува многу поголем број акции.

Станува збор за претседателот на Apple, Ари Левинсон, кој има 4,59 милиони акции. Левинсон поседува повеќе акции од кој било друг индивидуален акционер.

Меѓутоа, кога станува збор за институционална сопственост, водечкиот инвестициски конгломерат Беркшир Хатавеј, чиј извршен директор е Ворен Бафет, поседува 790 милиони акции. Малку порано овој конгломерат поседуваше 915,6 милиони акции. Не е познато колку акции поседува самиот Бафет во Apple, пренесува деловниот портал Yahoo Finance.