Кој производ најмногу го извезува Кина, а најголем увоз има САД?

246

Извозот на маици изработени од различни материјали минатата година достигна ниво од 47,3 милијарди долари, што претставува намалување од 0,3% во однос на 2018 година, покажуваат податоците на World’s top exports.

Кина е извозник број еден на маици во светот со заработка од 7,4 милијарди долари и покрива 15,7% од вкупниот извоз на маици. Од 15 земји, ова се петте најголеми извозници на маици во светот: Бангладеш (6,47 милијарди долари), Турција (2,73 милијарди долари), Индија (2,66 милијарди долари) и Германија (2,4 милијарди долари).

Увозот, пак, на глобално ниво во 2019 година имаше вредност од 41,7 милијарди долари или 0,3% помалку во однос на 2018 година.

САД зафаќаат 15,8% од глобалниот увоз и на маици од странство лани потрошија 6,6 милијарди долари. Во првите пет најголеми увозници на маици од различни материјали се: Германија (4,1 милијарда долари), Велика Британија (2,7 милијарди долари), Јапонија (2,43 милијарди долари) и Франција (2,4 милијарди долари).

Фото: Freepik