Кој сè може да инвестира во добра бизнис идеја?

500

На надежните стартапи секогаш им е добрeдојдена помош. А, за тоа во какви облици таа доаѓа и кој сè може да вложи во добра бизнис идеја, во продолжение.

Пријатели и семејство

Честопати се случува пријателите и семејството да вложат во стартапи од причина што добро ги познаваат основачите и се безрезервни поддржувачи на нив и нивната идеја. Овој вид на инвеститори може да дава средства подолг временски период, мотивирани од блискоста и лојалноста со луѓето што се обидуваат да ја остварата својата бизнис идеја. Сепак, и тука мора да постои пишан договор со којшто треба да бидат задоволни и двете страни. Инвестирањето може да биде и ризично, па затоа тие што вложуваат треба да бидат подготвени и за загуба. Експертите советуваат да не се земаат пари од блиски луѓе доколку евентуалниот неуспех би бил причина за заладување на односите.

Бизнис ангели

Бизнис ангелите се индивидуалци кои и самите се успешни менаџери на бизниси. Тие инвстираат во одредена бизнис идеја доколку им се допадне, “осетат“ дека истата има потенцијал, сакаат да пробаат нешто ново… Тие не сакаат да бидат дел од тимот, но ја нудат својата помош како ментори и добиваат дел од остварениот профит. Постојат и организарани групи на бизнис ангели кои заеднички евалуираат стартапи и инвестираат во истите. На овој начин доколку бизнис идејата е успешна тие повторно инвестираат во ист или друг производ/услуга.

Капитални фондови

Овој вид на фондови, односно фирми инвестират во нови и брзорастечки бизниси. Разгледуваат големо портфолио на идеи и во просек инвестираат во еден од 100 стартапи, во споредба со бизнис ангелите кои вложуваат во една од десет идеи. Капиталните фондови прават повеќе длабински анализи и просечно“трошат“ околу пет месеци на нив. Тие активно се вложуваат во стартапот и сакаат, доколку се покаже како успешен, да станат дел од бордот на директори.

Поддржувачи (кампањи)

Кампањите, исто така, се начин да се дојде до потребни средства за започнување на бизнис. Тие најмногу се потпираат на финансирање од страна на поддржувачи на добри идеи и од тоа колку развиена “социјална мрежа“ имаат основачите, лична и професионална. Во овој случај многу е важна маркетинг стратегијата и споделувањата по социјалните медиуми. Генерално, еден просечен поддржувач на кампањи за групно финансирање е на возраст од 24 до 35 години и одлично се снаоѓа со технологијата. Мажите во просек повеќе вложуваат во непознат старт – ап и оние индивидуалци што заработуваат добра сума на пари.