Кој заслужува покачување на платата?

18

novcanik

Фото: Pexels

Постојат вработени на кои заради нивниот исклучителен квалитет треба да им се обрне внимание. Иако како претприемач треба да внимавате на вашите пари, некои вработени поради својот придонес заслужуваат зголемување на платите.

Еве кои вработени заслужуваат зголемување на платите:

1. Оние кои носат најмногу приходи

Не е важно за каков вид на вработување станува збор, но работите се сосема јасни: човекот кој ви носи најмногу приходи заслужува покачување според сите критериуми.

2. Оние кои имаат непроценливи вештини

Некои вештини не можат да се научат, а тоа е првенствено карактерот и однесувањето пред клиентите. На пример, ако имате ангажирано келнер што сите го сакаат и поради кого доаѓаат на кафе, треба да го наградите со зголемување на платата.

3. Оние кои даваат повеќе од 100%

Ако имате работник кој секогаш се труди и секојдневно дава се повеќе од себеси, тогаш заслужува покачување на платата.

4. Оние кои се тука од почетокот

Постојат работници кои биле со вас од самиот почеток, но поради различната циркулација на луѓе внатре на компанијата, тие може да се чувствуваат во подредена положба. Не дозволувајте им да паднат во летаргија – со покачување на платата ќе им покажете колку ги цените.

5. Оние кои еден ден би можеле да го преземат бизнисот

Во бизнисот многу важно е да се размислува за иднината. Ако препознаете во компанијата лице кое еден ден би можело да го преземе раководството на фирмата, направете се за да го задржите, а финансиските средства често се добра гаранција.