Која директорка заработува 1,6 милиони долари дневно

300

Денис Коутс, извршна директорка на компанијата за игри на среќа Bet365, постави нов рекорд како најплатен извршен директор во Велика Британија, со пакет од 421 милиони фунти (493,5 милиони евра).

На дневна основа, Коутс има приход од 1,6 милиони долари. Најновите извештаи покажуваат дека нејзината основна плата се зголемила за 277 милиони фунти во 2019 година. Зголемувањето следуваше и покрај фактот дека приватната компанија претрпе пад на приходите на 2,8 милијарди фунти, пишува Irish Times.

Нејзината плата е седум пати поголема од платата на Тим Штајнер, извршен директор на Ocado, најплатениот шеф на FTSE 100.

Исто така, таа е само малку пониска од платата на Илон Маск, извршниот директор на Теsla, кој заработи 595 милиони долари во 2019 година. 

Благодарение на успехот во бизнисот со коцкање што Коутс го презеде од нејзиниот татко пред 20 години и кој сега го поседува и го води заедно со нејзиниот брат, таа редовно беше најплатениот извршен директор во Велика Британија во последните пет години.

Минатата година беше најбогата жена во Велика Британија, но во 2020 година даде 85 милиони фунти за хуманитарни цели.

Фото: Pexels