Која држава ќе профитира од корона вирусот?

162

Кинеската економија трпи огромни последици поради појавата и ширењето на корона вирусот. Освен кинеската, во прашање се доведува и глобалниот економски раст, но сепак постојат и земји коишто би можеле да профитираат во оваа ситуација.

Експертите се сигурни дека вирусот ќе остави големи последици во повеќе сектори, како што се туризмот, меѓународната трговија, авиосообраќајот… Но, сепак уверуваат дека има и такви економии коишто би можеле да профитираат од ширењето на овој вирус.

Една од нив би можела да биде Турција, бидејќи според тамошниот министер за индустрија и технологија, Мустафа Варанк, вирусот носи некои позитивни ефекти врз турската економија. Тој, како што пренесува агенцијата Анадолија, рекол дека странски добавувачи почнале да се интересираат за алтернативни производи што доаѓаат токму од Турција.

Турција, според него, е земја којашто може да “произведува во скоро секој сектор“.

Варанк смета дека неговата земја може да произведува најразлични производи, поради што може да биде замена за голем дел од трговијата што светот ја прави со Кина.

Фото: Pixabay