
Фото: Pixabay
Положбата на телото во која што спиете има голема улога за тоа како ќе се чувствувате кога ќе се разбудите наутро.
Секоја положба има свои предности и недостатоци.
На стомак
Ова е можеби најлошата положба за спиење. Вратот е под притисок, а грбот не е во природна положба. Можно е да се појават болки во долниот дел на грбот, како и предвремено појавување на брчки на лицето.
На страна
Одлична положба за оние кои имаат проблеми со желудник. Пожелно е често да ја менувате страната. Лошо е што рацете и рамената се под притисок.
На грб
Оваа положба се смета за најздрава. Грбот е во природна положба, а мускулите на вратот се опуштени. Сепак истражувањата велат дека сонот во оваа положба е најлош.