Која е тактиката со „три збора“ што ја користи познат бизнис стратег?

259

Крис Броган е познат во светот на бизнисот како стратег и советник, писател и говорник. Тој е Американец со 30 години работно искуство и девет објавени книги (десетта во подготовка), а клиентела му се компании со приходи од над 100 милиони.

Крис Броган е познат и по својата тактика „три збора“.

Оваа тактика ја користи веќе 15 години.

Идејата е да си поставите три збора кои ќе ги следите, односно кои ќе ја одбележат следната година. Овие треба да бидат зборови кои ќе бидат ваши „ѕвезди водичи“. Тие треба да ве инспирираат и да ве потсетуваат на вашата цел, без разлика дали е приватна или деловна.

На пример:

Прашај.

Направи.

Сподели .

Ова беа првите три збора на Броган, кои си ги постави во 2006 година. Тој напиша:

„Тоа беше добра година. Избрав многу едноставни зборови кои добро ми служеа и ми донесоа добро.

Кога поставував прашања, научив.

Кога работев, го користев она што го научив и направив растечка база на знаење.

Кога го споделив она што го научив со другите, запознав сè повеќе луѓе, стекнав нови пријатели.

Да, тоа беше многу добра година!“

Како да изберете добри зборови?

Не е важно дали тие зборови значат нешто за другите. Важно е тие да ви значат и нема потреба никому да ги објаснувате.

Размислете за вашиот избор секој ден. Нека има некаква мантра за вас. Повторувајте си ги одново и одново.

Еве неколку примери на три збора:

Ритуал. Заврши. Оцени.

Помести. Глас. Игра.

Планирај. Моќ. Покрив.

Причина. Јасност. Кон целта.