Која е жената што го презема кормилото на TikTok во најтежок момент за компанијата?

128

Извршниот директор на „TikTok“, Кевин Мејер, поднесе оставка помалку од три месеци по стапувањето на должноста.

Мејер ќе биде привремено заменета во таа позиција од Ванеса Папас, генералниот директор на оваа апликација за споделување на видео записи.

Која е Ванеса Папас?

Ванеса Папас (42) живеела во Австралија сè до 20-годишна возраст, пред да помине четири години во Лондон, а потоа да се пресели во Соединетите држави. Уште во 2007 година, кога беше дел од тимот на Next New Networks, компанија која им помагаше на креаторите на видео да најдат публика за своите филмови, Папас откривала инфлуенсери. Компанијата беше купена од Youtube за нешто помалку од 50 милиони долари во 2011 година.Папас стана шеф на развој на публиката на Youtube, а подоцна и глобален шеф на креативни решенија.

Сепак, во 2018 година, Папас ги спакува торбите и го напушти Њујорк за Лос Анџелес да работи во TikTok.

“Мислам дека TikTok е како дом за нови креативци кои навистина создаваат разновидност и креативност“, изјави таа откако го напушти гигантот YouTube и премина во тогашниот не толку голем TikTok.

Во тоа време,YouTube беше најмногу преземената видео платформа на Apple Store, а TikTok штотуку влегуваше во американскиот пазар. Сега, TikTok е најзастапената апликација во 2020 година. Од нејзиното започнување, апликацијата е преземена 165 милиони пати само во САД.

Никој не беше сигурен дали тоа ќе успее или не успее, но Папас веруваше во TikTok, ја прифати деловната понуда и се пресели со две мали деца.
“Веројатно беше најтешката одлука во мојата кариера што некогаш морав да ја донесам“, се сеќава Папас.

Нејзината кариера во TikTok започна од стратешки советник за ByteDance со посебен фокус на TikTok, а во јануари 2019 година стана генерален директор на апликацијата.

 

Во YouTube, Ванеса Папас беше делумно одговорна за скалирање на огромниот раст низ целиот свет, но во  TikTok и беше доделена спротивна задача – да го прилагоди кинескиот производ со американски корисници, што несомнено успеа да го направи.
Во ноември 2018 година, месецот кога дојде Папас, TikTok наводно имал 20 милиони американски корисници, а денес тој број е 100 милиони. За шест месеци, од октомври 2019 до март 2020 година, месечните корисници скоро двојно се зголемија.

Фото: Facebook