Која европска земја ги има најчистите плажи

24

Европската агенција за животна средина неодамна го тестираше квалитетот на водата на 22.276 места за капење во 27-те земји на Европската унија. Албанија, Швајцарија и Велика Британија беа додадени на списокот.

Во извештајот, Кипар убедливо се најде на прво место, бидејќи има најчисти плажи. Оваа островска земја доби совршен рејтинг од 100%. Кипар доби најмногу пофалби за исклучително квалитетна вода за капење. Од 112 плажи на Кипар, секоја доби највисока оценка.

Веднаш по Кипар следуваат Австрија со 97,7%, Грција со 97,1%, Малта со 96,6% и Хрватска со 96,1% од нејзините локации кои се во категоријата врвен квалитет.

“Добриот квалитет на европските води за капење е резултат на 40 години работа на спречување и намалување на загадувањето. Исто така, идентификувавме области во кои беше потребно да се преземат одредени мерки“, рече Ханс Бронинк, директор на организацијата.

Фото: Pixabay