Која ќе биде најважна вештина следната година?

167

Пандемијата научи многу работодавачи дека вработените не забошотуваат кога не се во канцеларија, бидејќи за првпат работеле од дома. Затоа не е важно каде се, туку колку квалитетно работат.

Новата вештина што, според Пословни дневник, ќе мора да се совлада следната година, е работата на далечина или популарно позната remote работа.

Доколку развивате софтвер, голема е веројатно дека со овој вид на работа сте се сретнале и пред пандемијата, бидејќи за извршување на работата потребен е компјутер и пристап до интернет. Поради тоа, ИТ секторот најбрзо се прилагоди кога многумина беа принудени за првпат да работат од дома.

Remote ќе биде комплетно нов начин на работа на којшто успешните компании ќе бидат засновани во иднина. Тој начин на работа опфаќа примена на технологија, комуникациски вештини и целосно нов начин на организација на компаниите.

Најважниот елемент за успешна работа од далечина е недвосмислената писмена комуникација. Кога ќе изостане невербалната комуникација се зголемува можноста да се загуби во преводот.

За брзо време и други индустрии брзо ги препознаа предностите од remote работа, од флексибилност, поголема продуктивност, заштеда на време и патни трошоци. Искуството покажува дека и од далечина компаниите можат сосема нормално да функционираат.

Фото: Freepik