Која нација е највредна, а која со часови гледа телевизија

41

Светскиот економски форум ги анализираше навиките на 23 земји во светот, оценувајќи колку ефективно време се троши на работа, спиење, волонтирање, домашни активности…

Кинезите се највредни бидејќи дневно работат по 315 минути, што е ефективно нешто повеќе од пет часа. Германците ефективно работат 224 минути, а најмалку Французите (170 минути) и Италијанците (149 минути).

По напорната работа, Кинезите и најдолго одмораат, поточно спијат девет часа и 20 минути. Јужнокорејците според анализата, скоро и да не спијат, поточно на таа активност трошат помалку од осум часа.

Волонтерската работа им е омилена на Скандинавците, па така Финците за таа цел трошат 104 минути, Норвежаните само четири минути помалку.

Во шопинг и домашни активности најмногу уживаат Мексиканците, кои на тие активности трошат 2020 минути, Португалците околу 176, а Корејците само 89 минути.

Кога станува збор за храната и пијалаците, Французите најмногу трошат на овие активности – 133 минути, потоа Грците со 128 минути, па Италијанците со 127 минути и Шпанците со една минута помалку.

Американците секојдневно трошат по најмалку два часа на гледање телевизија.

Фото: Freepik