Која работа најмногу одговара на вашиот карактер?

25

simboli

Фото: Pixabay

Низ долгогодишно искуство човекот открил дека карактерот и изборот на професијата се тесно поврзани.

Како што пренесува Career Builder, социологот Џон Холанд развил систем на шест типови на личност кои ќе му помогнат на поединецот да ја пронајде работата што му одговрара на неговиот карактер:

Реалисти

Овие личности најчесто се пронаоѓаат во практична работа.

Занимања: електроинженери, обезбедување, механичари и сервисери.

Истражувачи

На ваквите личности најмногу им одговараат работни места што се базирани на идеи, а главниот фокус е на истражувањето.

Занимања: биолози, технолози, медицинари и физичари.

Уметници

За ваквиот тип на личности потребна е работа каде што пресуден ќе биде инстинктот и самоизразување.

Занимања: графички дизајнери, толкувачи, преведувачи, автори и писатели

Друштвени

На социјалниот тип на личности најважна им е интракцијата со луѓето и затоа најчесто се пронаоѓаат во улога на учител.

Занимања: развојни стручњаци, програмери, аналитичари на компјутерски системи и наставници.

Претприемачки

Во оваа област на работење најчесто се пронаоѓаат доминантни луѓе и оние што сакаат да преземаат ризик.

Занимања: кориснички услуги, менаџери на човечки ресурси, административна поддршка за вработените и детективи.

Конвенционални

Работните позиции што вклучуваат рутински процедури и работа со податоци повеќе им одговараат на овие личности, отколку работа што е поврзана со идеи.

Занимања: аналитичари, секретари, административни асистенти и логистика.