Која земја од Европската унија има најмногу шуми?

62

Земјите-членки на Европската унија се карактеризираат со различни видови шуми, кои се исклучително важен обновлив ресурс и нудат живеалиште за животните и средства кои го овозможуваат животот на луѓето.
Без нив, невозможно е да се ублажат климатските промени и да се заштити почвата од ерозија и поплави. За жал, овие денови страдаат од големите пожари кои зафатија бројни земји.

Благодарение на климатската разновидност, типовите почви, топографијата и надморската височина, флората на шумите е многу богата. Европа е дом на околу 500 видови дрвја, од кои најчести се листопадните видови.

Најзастапени видови се брезата, врбата, дабот,  буката, јасенот, чемпресот, борот, елата, смреката, тополата и многу други. Има големо количество на диво овошје, особено диви јаболка, круши и цреши.

Застапеност на шумските површини во ЕУ според Евростат

Според податоците на Евростат, во 2020 година 43,9 отсто од вкупната површина на ЕУ била покриена со шуми. Нивната површина зафаќала 180 милиони хектари. Најголема површина под шуми имала Шведска со 30,3 милиони хектари, а по неа е Шпанија со 28 милиони хектари, пишува Агроклуб.

Кога се гледа вкупната површина под шума, Финска имала 76,1 отсто од површината покриена со шумска вегетација, а Шведска 74,5 отсто.

Малта има најмала застапеност на шумски површини со само 1,7 отсто, а оваа земја имала и најмала површина од само 530 хектари.