Колапс на акциите: Огромни загуби на Њујоршката берза

70

На Волстрит цените на акциите нагло паднаа вчера бидејќи извештаите за повисока од очекуваната инфлација во САД ги намалија надежите на инвеститорите дека американската централна банка ќе го забави темпото на зголемување на каматните стапки.

Dow Jones падна за 3,94 отсто, на 31.104 поени, додека S&P 500 потона за 4,32 отсто, на 3.932 поени, а индексот Nasdaq падна за 5,16 отсто, на 11.633 поени.

Најголемиот дневен пад на овие индекси за повеќе од две години следуваше по извештајот кој покажа дека инфлацијата во август изнесувала 8,3 отсто. Тоа е,  помалку од 8,5 отсто од јули, но повеќе од очекувањата на аналитичарите од 8,1 отсто. Дополнително, основната стапка на инфлација, од која се исклучени цените на енергијата и храната, порасна од 5,9 на 6,3 отсто.