Колективна тужба за Google, бараат пет милијарди долари

51

Во САД е поднесена колективна тужба против компанијата Google, во којашто се тврди дека компанијата незаконски ја нарушува приватноста на корисниците, на тој начин што ја следи активноста на луѓето дури и кога пребаруваат содржина на интернет користејќи таканаречен приватен режим, (private/incognito mode).

Тужителите бараат компензација од најмалку пет милијарди американски долари од Google и неговиот сопственик, компанијата Alphabet, пренесува BBC.

Многу корисници на интернет претпоставуваат дека нивната историја на пребарување не се следи кога содржината на Интернет се пребарува во приватен режим, но Google вели дека тоа не е случај. Google пребарувачот ги отфрла тврдењата дека нивното постапување е нелегално бидејќи, како што вели, јасно ги информирал корисниците дека секогаш кога ќе отворат нов инкогнито таб, веб-страницата на која се наоѓаат може да собере информации за нивната активност за пребарување.

Според адвокатската фирма Boies Schiller Flexner, којашто поднесе тужба пред федералниот суд во Сан Хозе, Калифорнија во вторникот, со колективната тужба веројатно ќе бидат опфатени милиони корисници на Гугл кои пребаруваат на интернет од први јуни 2016 година во приватен режим.

Во тужбата се наведува дека Google не смее да продолжи со тајното и неовластено собирање на податоци од речиси сите Американци кои имаат компјутер или телефон, пренесува BBC.

Фото: Pixabay