Колкава добивка Комерцијална банка проектира за оваа година?

79

Добивката пред оданочување се планира да изнесува 1.970.000.000 денари, покажува Програмата на не мерки и активности на деловната политика и финансиски план на Комерцијална банка за 2021 година.

Нето приходите од камата се очекува да забележат зголемување од околу 5,3% во однос на 2020 година при планиран пораст на кредитите и депозити и намалени каматни пасивни стапки, при што нето каматната маржа ќе се одржува во распон на таргетираната нето каматна маржа.

Останатите приходи (кои ги сочинуваат нето-приходите од надомести и провизии, нето курсни разлики, нето-приходи од работа со хартии од вредност, приходи од капитални вложувања и капитална добивка, приходите од минати години, приходите по основ на девизно работење, други и вонредни приходи) се планира да бидат помали за околу 46,7%, пред сè заради помал износ на планирани капитални добивки од продажба на преземен имот.

Во рамки на оваа позиција исто така е планирано намалување на приходите од провизии. Ова се должи на фактот дека заради ситуацијата со пандемијата со ковид 19 голем дел од транскакциите, кои претходно се извршуваа преку шалтерите на Банката, се пренасочени да се извршуваат по електронски пат. Се очекува ваквата состојба да продолжи и во 2021 година.

Останатите расходи, кои се состојат од плати и други трошоци на вработените, премии за осигурување на депозитите, материјални трошоци, службени патувања, репрезентации, реклама и пропаганда, амортизација и други расходи, се планирани со намалување од 13,2% во однос на 2020 година, главно како резултат на планиран помал износ на материјални и други трошоци и помал износ на трошоци за плати заради намален број на вработени.

Фото: Freepik