Колкава е бројката на граѓаните кои се стекнаа со социјална пензија?

269

На 21 мај оваа година Собранието го донесе Законот за социјална сигурност на старите лица, како дел пакетот на закони за социјалната реформа, со којшто се овозможи месечен надоместок од 6.000 денари за лицата на возраст од над 65 години – кои се државјани на Северна Македонија најмалку 15 години и не примаат старосна пензија, вклучувајќи ги и лицата без ден работен стаж. Пријавувањето за социјална пензија со доставување на барање во центрите за социјална работа започна на крајот на месец мај.

Висината на месечниот износ на правото на социјална сигурност за старите лица се усогласува со порастот на трошоците на живот за претходната година, објавени од Државниот завод за статистика во јануари во тековната година. Во случај кога нема пораст на трошоците на живот за претходната година не се врши усогласување на висината на правото на социјална сигурност за старите лица.

Право на ваков надоместок старите лица  можат да остварат: доколку немаат во сопственост имот и имотни права од кои можат да се издржуваат, ако не се корисници на пензија од Македонија или вид на исплата по основ на старост, инвалидност или доживување од друга држава и не оствариле приходи по сите основи во последните три месеци пред поднесување на барањето.

Право на социјална пензија не може да оствари лице кое со решение на центарот за социјална работа е сместено подолго од 30 дена во установа за вонсемејна социјална заштита, здравствена или друга установа.

За домаќинствата во кои и мажот и жената ги исполнуваат условите за користење на социјална сигурност, надоместокот ќе го користи само еден член, бидејќи, станува збор за право од социјалната заштита и не е поврзано со пензиското и инвалидското осигурување.

Корисникот на социјална пензија има право и на паричен додаток заради покривање на дел од трошоците за потрошувачка на енергенси во домаќинството, за месеците од октомври до март.

Висината на месечниот износ на правото на социјална сигурност за старите лица, ќе се усогласува со порастот на трошоците на живот за претходната година, објавени од Државниот завод за статистика во јануари во тековната година.

Од почетокот на спроведувањето на социјалната реформа до сега 2.631 лице се стекнаа со правото на користење на социјална пензија предвидена со законската регулатива за социјална сигурност на стари лица.