Колкава е капитализацијата на двете најголеми американски берзи? (инфографик)

19

Еден од најмоќните симболи на американската финансиска доминација е комбинираната пазарна капитализација на двете најголеми берзи во замјата – Њујоршката берза (NYSE) и NASDAQ⁠.

Овие две берзи се поголеми од сите други во светот. Всушност, NYSE самa е поголемa од берзите во Шангај, Шенжен, Јапонија и Euronext заедно.

Една од клучните причини за оваа доминација е огромната големина на американската економија. Со БДП од над 25 трилиони долари, американската економија е најголема во светот, а овие берзи се дом на некои од најголемите и највредните компании во светот, вклучувајќи ги и технолошките гиганти како Apple, Amazon и Microsoft.

Заклучно со јануари 2023 година, вредноста на акциите котирани на берзите во САД изнесува 42% од вкупната глобална вредност.

Во поголемиот дел од 1970-тите, САД сочинуваа повеќе од половина од вредноста на глобалната берза. Во текот на 1980-тите, американскиот удел во глобалниот вкупен износ почна да опаѓа, делумно поттикнат од балонот на цените на средствата во Јапонија.

Американските берзи имаат неколку предности што ги прават привлечни за инвеститорите, вклучувајќи силен регулаторен надзор, стабилно политичко и економско опкружување и разновидна група на познати компании во кои се инвестира. Американските берзи имаат и долга историја на иновации и технолошки напредок, што им помогна да ја задржат својата позиција.

Во 2018 година, PwC анкетираше стотици учесници на пазарот на капитал за иднината на берзите. Испитаниците веруваат дека до 2030 година, многу од денешните берзи ќе останат популарен избор за компаниите кои сакаат да излезат на берзата.

И покрај очигледните предности, американските берзи се соочуваат со голема конкуренција, особено на пазарите во развој како Кина и Индија. Шангајската берза, на пример, доживеа значителен раст во последниве години и сега е трета по големина берза во светот по пазарна капитализација.

Но, иако другите пазари продолжуваат да растат, американската берза најверојатно ќе остане омилена дестинација за инвеститорите ширум светот во годините што доаѓаат.

Извор:  VisualCapitalist/ Bankar.me