Колкава е стапката на невработеност во првиот квартал?

54

Стапката на невработеност во првиот квартал, според податоците на Државниот завод за статистика, е 16,2%.

Во првото тримесечје, според податоците, во земјава има активно население од 967.733 лица, од кои вработени се 811.106, а 156.627 се невработени. Стапката на активност во овој период е 57,4, а стапката на вработеност 48,1.

Во текот на првиот квартал од минатата година, вработени биле 789.414 лица, додека без работа биле 171.329 или 17,8% од работоспособното население во земјата. Во последниот квартал од минатата година, невработеноста изнесуваше 16,6%.

Од вкупниот број на невработени (156.627), 61,1% се мажи (95.642), а жени се 38,9% (60.985).

Според возрасната група, најголемиот дел од невработените или 98.082 се на возраст меѓу 25 и 49 години. Ист е случајот и со вработените, па од вкупно 811.106 вработени, 535.485 ѝ припаѓаат на групата од 25 до 49 години.

Кога станува збор вработените според дејност, најголем работовач е преработувачката индустрија со 161.431 вработен.

Фото: Freepik